Природно пчеларство · Македонија

Природен мед, создаден со грижа и трпение

Од нашите пчелни семејства до вашата трпеза — чист, природен мед, произведен рачно и со почит кон природата.

Нарачајте сега →

Традиција што се пренесува со љубов

Пчеларството за нас не е само занает, туку начин на живот. Со години работиме со природата, следејќи ги нејзините ритми и почитувајќи го трудот на пчелите. Занает пренесен уште од дедовците со генерациска грижа и љубов кон пчелите. Нашиот мед е резултат на трпение, искуство и искрена љубов кон она што го правиме.

Нашиот мед е резултат на трпение, искуство и искрена љубов кон пчеларството.

Пчелар покрај кошници

Нашите производи од природен домашен мед

Ливадски мед - Клечовце

Нежен и ароматичен мед, добиен од богатството на полски и планински цветови, како багрем, чалија, еспарзета, фацелија и други медоносни растенија. Во зависност од успешноста на пашата, можни се суптилни разлики во вкусот и аромата од година до година — природен печат на секоја сезона

Мед во саќе

Оваа тегла содржи природен, суров мед со парче свежо затворено саќе, рачно исечено директно од рамката и внимателно поставено во теглата. Саќето е целосно јадливо и богато со природни ензими, ароми и цветни ноти.

Мала тегличка саќе од капачиња

При вадњето на мед се селекционираат најсветлите восочни капачиња кој се најмекиот и најздрав восок и се додава во теглата мед тазе врцан.

Прополис капки 30%

Прополисот е природна смолеста материја што пчелите ја користат за заштита и дезинфекција на кошницата. Нашите прополис капки се подготвени со внимателна екстракција на прополисот во чист алкохол, со цел да се зачуваат неговите активни состојки и природна моќ Производот е без вештачки бои, ароми и додатоци, и се користи традиционално за поддршка на имунолошкиот систем и одржување на здравјето на усната шуплина и грлото.

Како го произведуваме нашиот мед

Почит кон пчелите

Почит кон пчелите

Работиме на начин што не го нарушува природниот животен циклус на пчелите, следејќи принципи на одржливо и природно пчеларство и така што секогаш ја ставаме нивната благосостојба на прво место.

Природно и бавно

Природно и бавно

Работиме со дрвени лангстрот сандаци по принцип на само-одржувачко пчеларење фокусирајќи се на создавање на јаки и здрави пчелни друштва имитирајќи го начинот на кој што живеат пчелите во природата.

Здравје и квалитет

Здравје и квалитет

Активно се грижиме за здравјето на пчелите и превенираме појава на болести, бидејќи здравите пчели се основа за висококвалитетен мед. Само силни и здрави пчелни семејства можат природно и правилно да обработат мед, кој ќе биде чист, зрел и квалитетен.

Без додатоци и хемикалии

Без додатоци и хемикалии

Во нашето пчеларство не користиме никакви хемиски третмани на пчелите што би можеле да влезат во медот. Работиме на тој начин да нашиот мед остане ист како што пчелките ќе го направат, без никакви хемикалии и додатоци.

Без штета за пчелите

Без штета за пчелите

Им оставаме доволно сопствен мед за природно презимување, без компромиси по нивното здравје — за одржливо и етичко производство од година во година.

Она што не го правиме е исто толку важно како и она што го правиме

Од кошница до тегла

Од кошница до тегла

Рамките со зрел мед внимателно ги земаме од пчелните друштва, без да ги вознемируваме пчелите. Пчелите нежно се отстрануваат од рамките, кои потоа се носат во чиста и затемнета просторија, наменета исклучиво за вадење на мед. Пред врцањето, рамките се отпечатуваат од восочните капачиња со специјални чешли (поголема виљушка), со што се овозможува медот да се извлече природно и без оштетување на неговиот квалитет.

Ниска температура

Ниска температура

Не користиме алати што создаваат топлина, како топли ножеви, при отворање на восочните капачиња. Со тоа ја избегнуваме зголемената температура која може да го наруши природниот квалитет, ензимите и аромата на медот.

Рачно вадење

Рачно вадење

Медот го вадиме рачно со центрифуга, која претходно темелно се чисти и одржува. Филтрирањето е минимално — само низ обична цедалка, со цел да се отстранат ситните парчиња восок од отпечатувањето на саќето, без да се наруши природната структура и квалитетот на медот.

Како да нарачате

Доколку сакате да го пробате нашиот мед или имате прашања, слободно контактирајте нè.